mirror of
https://github.com/ferdzo/iotDashboard.git
synced 2026-04-05 09:06:26 +00:00
86 lines
7.6 KiB
TeX
86 lines
7.6 KiB
TeX
\newpage
|
||
\pagenumbering{arabic}
|
||
\setcounter{page}{1}
|
||
|
||
\section{Вовед}
|
||
|
||
Во современите работни простории се посветува сè поголемо внимание врз
|
||
квалитетот на работната околина и здравствените навики на работниците,
|
||
особено кај инженерите и ИТ професионалците кои се долго време во
|
||
затворени простории како и пред компјутер на своите бироа. Најразличните
|
||
параметри како температура, влажност на воздухот, светлина,
|
||
концентрација на различни гасови како CO2, NO2, CO, бучавата и
|
||
осветлувањето во просторијата имаат значајна улога во продуктивноста,
|
||
фокусот па и општата благосостојба на човекот, но во најголемиот дел од
|
||
компаниите тие не се следат континуирано или објективно. Токму оваа
|
||
потреба, мене лично, а и на другите околу мене за подобро и подетално
|
||
разбирање на условите во работната средина претставува основна
|
||
мотивација за развој на оваа платформа која овозможува автоматизирано
|
||
прибирање, визуелизација и анализа на релевантни податоци.
|
||
|
||
На пазарот постојат повеќе решенија за IoT мониторинг, но секое од нив
|
||
има свои ограничувања. Home Assistant е популарна open-source платформа
|
||
која овозможува интеграција на различни паметни уреди, но бара
|
||
комплексна конфигурација и техничко знаење за поставување, а не
|
||
обезбедува вградени механизми за безбедна автентикација на уредите.
|
||
Комерцијалните решенија како AWS IoT Core и Azure IoT Hub нудат напредни
|
||
enterprise функционалности, решенија и висока скалабилност, но нивната
|
||
цена и комплексност ги прават непрактични за индивидуална употреба или
|
||
мали организации. ThingsBoard претставува добра платформа за
|
||
визуелизација на IoT податоци, но нема вградена интеграција со модели за
|
||
вештачка интелигенција за напредна анализа. Од друга страна,
|
||
здравствените платформи како Google Fit, Samsung Health, Mi Fitness и
|
||
други, работат во затворени екосистеми и не дозволуваат едноставна
|
||
интеграција со околински сензори или сопствени системи.
|
||
|
||
Иако постојат многу поединечни решенија за мониторинг на одделни
|
||
параметри, или пак можност за интеграција на разни уреди, ниту еден од
|
||
нив не претставува интегриран систем кој истовремено ги спојува
|
||
околинските услови, здравствените навики на корисниците како и
|
||
надворешните услови како временска прогноза или квалитетот на воздухот.
|
||
Дополнително, се соочуваат со разни проблеми како недоволно интуитивен и
|
||
напреден кориснички интерфејс, небезбеден начин на испраќање на
|
||
информациите, како и неефикасен начин на складирање на собраните
|
||
податоци. Овие недостатоци создаваат простор и потреба за посеопфатно и
|
||
безбедно решение.
|
||
|
||
Целта на овој дипломски труд е да се изработи скалабилна, безбедна и
|
||
интуитивна платформа за автоматизирано прибирање, складирање,
|
||
визуелизација и анализа на податоци од сите достапни извори, со што се
|
||
добива увид со широк спектар за работната околина, условите во неа, како
|
||
и за самиот работник. Специфичните цели на проектот се:
|
||
|
||
\begin{itemize}
|
||
\item
|
||
Дизајн и имплементација на микросервисна архитектура која овозможува
|
||
модуларност и независно скалирање на компонентите
|
||
\item
|
||
Имплементација на безбедна комуникација помеѓу уредите и платформата
|
||
со взаемна TLS (mTLS) автентикација и X.509 сертификати
|
||
\item
|
||
Развој на ефикасен систем за прием и складирање на временски податоци
|
||
користејќи \texttt{Redis Streams} и \texttt{TimescaleDB}
|
||
\item
|
||
Интеграција на сервис за анализа и интерпретација на собраните
|
||
податоци со помош вештачка интелигенција и машинско учење
|
||
\item
|
||
Изработка на интуитивна веб контролна табла со прилагодливи widgets за
|
||
визуелизација и приказ на информациите
|
||
\item
|
||
Развој на Android апликација за прибирање и испраќање на здравствени и
|
||
фитнес податоци
|
||
\end{itemize}
|
||
|
||
Во втората глава од овој дипломски труд ја разгледувам теоретската
|
||
основа потребна за разбирање на системот: IoT концептите, MQTT
|
||
протоколот, безбедносните механизми со mTLS и X.509 сертификати,
|
||
микросервисната архитектура и временските бази на податоци. Во третата
|
||
глава го претставувам дизајнот на системот, вклучувајќи ја
|
||
архитектурата, протокот на податоци, безбедносниот модел и дизајнот на
|
||
базата на податоци. Четвртата глава е посветена на имплементацијата на
|
||
сите компоненти: сервисите за управување со уреди, прием на MQTT пораки,
|
||
запишување во база, вештачка интелигенција, веб контролната табла и
|
||
Android апликацијата. Во петтата глава ги прикажувам резултатите од
|
||
тестирањето и работата на системот, а во шестата глава го сумирам
|
||
заклучокот и предлагам идни насоки за развој.
|