\newpage \pagenumbering{roman} \setcounter{page}{2} \phantomsection \addcontentsline{toc}{section}{Апстракт} \begin{center} {\Large \textbf{Апстракт}} \end{center} \vspace{0.5cm} Во овој дипломски труд обработувам практична и актуелна тема од денешницата: следење и подобрување на здравата работна околина и поддршка на здравјето на вработените во модерните работни простори. Секојдневието на инженерите често вклучува долги часови работа во затворени простории, при што малите промени во квалитетот на воздухот и удобноста можат да предизвикаат замор, намалена концентрација и пад во ефикасноста. Потребен е систем кој автоматски ги следи овие параметри и овозможува навремена анализа, со што и навремена реакција за подобрување на состојбата. Така во рамките на овој дипломски труд изработувам IoT (Internet of Things) систем која прибира податоци од повеќе различни извори: сензори за околината, Android паметни уреди како и надворешни сервиси за временска прогноза и загадување. Системот обезбедува автоматизирано следење, собирање, визуелизација како и обработка со помош на вештачка интелигенција. Платформата е изработена врз микро-сервисна архитектура, користејќи MQTT како главен протокол за комуникација измеѓу уредите и платформата, взаемна автентикација со TLS, \texttt{Redis Streams} за непречена проток на отчитувањата до \texttt{TimescaleDB} базата на податоци, а врз сето тоа развиена е и веб контролна табла, сервис за интелигентна анализа на собраните податоци со помош на вештачка интелигенција, како и Android апликација што овозможува прибирање на фитнес податоци. На овој начин, развиената платформа претставува целокупен пристап за објективно мерење, анализа и интерпретација на различните фактори кои влијаат врз продуктивноста и здравјето во модерните работни простории. \vspace{0.5cm} \textbf{Клучни зборови:} \textit{IoT, MQTT, mTLS, микросервиси, TimescaleDB, вештачка интелигенција, работна околина, телеметрија.}